Идејата е дека HTC mini ќе служи во случаи кога на сопствениците на Butterfly нема да им биде згодно или нема да сакаат да го користат смартфонот.
HTC mini се поврзува со Butterfly преку NFC, а освен како телефон ќе може да служи и како далечинско, секојпат кога смартфонот ќе биде поврзан за некој поголем дисплеј.
Како што објаснува Вол Стрит Журнал, колку и да изгледа неверојатен концептот сепак корисниците во Азија често пати носат по два телефона, од кои едниот е голем смартфон кој им стои во торбата, а другиот е обичен мобилен за во џеб.