Радиодифузна такса за Ајпад

Откако шведската национална телевизија ги стави сите свои содржини (директно+архива) на интернет, некому му текна дека со ова и сите што имаат таблет уреди автоматски се квалификуваат да бидат претплатници за телевизија.

Сега од агенцијата што ги собира парите објаснуваат дека планираат да почнат собираат претплата од луѓе кои не поседуваат телевизори а имаат таблет компјутери.

Моментално секое домаќинство што поседува телевизор плаќа годишна претплата од 320 долари. Годишно агенцијата собира околу 807 милиони евра.

Сепак процената е дека проширувањето на наплатата нема да промени премногу бидејќи веќе и онака 97% од домаќинствата плаќа претплата.

25 јануари 2013 - 15:27