Иако Викторијас Сикрет шоуто го има еден од најстрогите кастинзи на светот, сепак тактиката на компанијата ја одредува секторот за продажба.
Како што објаснува Ричард Хаберли од DNA Model Management, директорите на Викторија Сикрет имаат еден специфичен квалитет што го бараат кај секоја манекенка што треба да ја носи нивната долна облека:
"Продажбата е клучна за одлуките околу Ангелите. Тие ги тестираат девојките и одредени девојки успеваат да продадат одредени продукти. Тоа се жени кон кои другите жени не чувствуваат љубомора. И тие се специјални бидејќи никогаш не се појавуваат во магазини за мажи. Кога ќе почнеш да го правиш тоа, ти стануваш закана (за потенцијалот на женските муштерии)."
Ова веројатно е и едно од објаснувањата зошто од компанијата минатата година соопштија дека никогаш нема да ја видиме Кејт Аптон како Ангел. Нејзините фото-сесии и реклами преставуваат закана за другите жени, што според компанијата ги одвраќа потенцијалните купувачи.
Во меѓувреме, Ангелите најчесто се или во сериозна врска или веќе се мажени и имаат деца, и постојано се фотографираат со своите семејства.