Право на оштета заради немање интернет

Германскиот суд одлучи дека заради тоа што интернетот е "суштински" дел од животот на луѓето, интернет претплатниците имаат право да го тужат својот провајдер кога ќе снемаат интернет.

Федералниот суд на правдата во Карлсруе ја донесе одлуката во случајот на еден маж кој 2 месеци кон крајот на 2008-ма и почетокот на 2009-та, не можел да ја користи својата ДСЛ конекција, која пак во исто време му служела и за фиксна линија и за факс.

Тој веќе добил надомест за тоа што во периодот морал да го користи мобилниот телефон бидејќи не му работел фиксниот, меѓутоа сакал да му се компензира и за тоа што немал интернет услуга. Според германските закони, за губењето на суштествени средства следува надомест.

"Интернетот денес има важна улога и влијае на приватниот живот на поединците на доста несомнени начини," изјавил портпаролот на судот.

25 јануари 2013 - 17:45