На самитот во Давос, Алијансата организираше појадок на кој неколку говорници објаснија зошто електронското плаќање е подобро отколку плаќање во готово.
Петте причини:
Транспарентност: Има помалку корупција и кражби кога плаќањата можат лесно да се следат. Во Авганистан, американските агенции го користат електронското плаќање за да ја намалат опасноста од грабеж на нивните вработени.
Безбедност: Парите стигнуваат таму каде што требаат да завршат.
Финансиско вклучување: Електронското плаќање е начин на кој ќе може да почне да се води евиденција за плаќањето на месечните сметки за луѓето кои не можат да отворат сметка во банка. Ова ќе биде почетен чекор за тие да се воведат во други сервиси, како кредити и заеми.
Намалување на трошоците: Физичкото пренесување на кешот е поскапо од електронскиот пат. Најголем дел од сиромашните сепак сметаат дека е поевтино да користат готовина, бидејќи се уште се наплаќаат високи давачки за електронските трансакции.
Пристап до нови пазари: Од ова најголем корист ќе имаат финансиските институции.