"Државните финансии во моментов се во состојба на парализа. Не можеме да ги оствариме нашите цели," изјавил министерот за финансии на Зимбабве.
На прес-конференцијата министерот им порачал на новинарите дека голем број од нив имаат подобро банковно салдо отколку државата.
Тој најавил дека најверојатно ќе мора да бараат меѓународни донатори за финансирање на уставниот референдум и изборите во текот на годинава.
По невидената инфлација пред неколку години, Зимбабве ја укина својата национална валута и се префрли на доларот. Последниот курс по коj се менуваше доларот во земјата беше 1.000 милијарди спрема 1.