Жените имаат плеќи за да ја носат армијата на САД

Во целата дебата во САД околу директното учествувањето на жените во воените судири, едно од главните прашања беше дали жена има доволно сила за да крене маж и да го спаси доколку е ранет. Прво може, второ и ова да ти било некаков фетиш.

"Ти си маринец од 110 килограми и 192 сантиметри, ранет си и маринецот до тебе треба да те врати во база или некаде на безбедно. А маринецот до тебе е жена од 163 сантиметри и 52 килограми. Тогаш важно е кој е до тебе," изјави еден од противниците на одлуката за време на дебатата на ЕјБиСи.

На ова реагираше водителката, која објасни дека во живо видела како жени од медицинскиот персонал на американската армија, креваат ранети маринци и ги носат на безбедно, и дека се кладат дека можат да го кренат и нејзиниот соговорник.

Работата е што техниката што ја користи американската армија, воопшто не бара да имаш силен горен дел за да можеш да кренеш некого. Војската го тренира т.нр. "пожарникарско носење" кое во основа значи префрлање на војникот преку двете рамења како вреќа.

Всушност излезе дека жени што носат мажи на грб не е нешто невидено, посебно не на интернетот каде што видеата на оваа тема преставуваат некаков фетиш.

Неколку видеа:

29 јануари 2013 - 10:37