Вести

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Речник

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Јадеме еден те ист зеленчук

Тоа не само што не досадно туку и е проблем, како за луѓето и нивната исхрана, така и за шареноликоста односно биодиверзитетот на растенијата што се јадат. Масовното земјоделско производство форсира многу мал број култури додека други се соочуваат со исчезнување. Јадеме пет, шест, седум зеленчуци, додека во светот постојат речиси 1.500. 

Дали Македонија ќе избега од новиот мега гасовод на Газпром?

Премиерот на Македонија објави дека неговата земја ќе учествува во "Турски тек" гасоводот на Гаспром, кој треба да дозволи испорака на гас од Русија до Европа со бајпасирање на Украина, под еден услов: Европската унија да го одобри проектот.

Ако сакаат сиромаштија, ете им сиромаштија

Јасно е дека граѓаните немаат желба за модернизирање на општеството, пишува за Фајненшл Тајмс во колумната за Грција професорот по економија од Бокони Универзитетот во Милано, Франческо Џиаваци.

Најисплатливиот бизнис на интернет

Повраток на инвестиција ти е 1425%, исплата ти е гарантирана (освен ако клиентот не е комплетен идиот), нема строго работно време, ниту потреба од вложување во канцеларии и слична инфраструктура. Лоша страна, те бара полиција и интернетот те мрази.

Ерата на средовечни девици

Една четвртина од јапонската машка популација над 30 години што не е во брак, никогаш во живот немала секс. Тоа не значи дека не треба да имаат други активности, на пример уметничко сликање на голи модели.

Џаболебарењето, и по него

Најголемиот дел од вас ќе се препознаат во текстов како да е пишуван за нив и по нивна животна приказна. Тема, прокрастинација - одложување на важните работи за сметка на комплетно небитните работи во текот на денот.

Како да потрошиш милијарда долари на избори?

Пред 4 години Барак Обама потроши 750 милиони долари за да го осигури својот втор мандат во Белата куќа. За споредба, за овие пари можеш да испратиш човек до Месечината и да го вратиш.

Унијата во 150 денари

Под многу притисок од Франција, Белгија одлучи да се повлече и да не кова комеморативна монета од 2 евра за 200 годишнината од поразот на Наполеон кај Ватерлo. Исковаа монета од 2,5 евра.

По 30 години повторно дифтерија во Шпанија

6-годишно дете од Каталонија е примено на интензивна нега откако кај него се забележани симптоми на болеста. Од својот роден град, детето моментално е пренесено на лекување во Барселона. Конкретниот случај е последица на една во последно време необјасниво популарна одлука на родители со мали деца.

Заблудата на информираниот гласач

Тоа што човек е информиран и располага со податоци за тоа како функционира државата и кој на кого му е што, никако не значи дека истиот тој човек знае за што зборува, а уште помалку дека е објективен.

ФИФА се, може се

Со премиера во 10 киносали, во САД започна прикажувањето на биографскиот филм за Сеп Блатер "Обединети пасии". ФИФА за филмот плати 29 милиони долари, во петок и сабота во САД тој заработи вкупно 607 долари.

И Бугарите посадија Самоил

По пример на бледоликата верзија на цар Самоил во центарот на Скопје, денес со највисоки државни почести (гарда, химна, Патријархот на Бугарија Неофит и Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев) во центарот на Софија беше откриен 6-метарскиот "паметник на цар Самуил."

Зошто Грција (пак) е во проблеми

Грција наводно неколку пати беше на самиот раб, давајќи му одреден 'Денот на мрморецот' призвук на целата сага. Кога во февруари беше продолжен рокот за спас малкумина веруваа дека земјата ќе преживее до јуни без договор. Земјата нема добиено никакво надворешно финансирањето од август 2014-та.

Тројниот пораз на Ердоган

После години владеење, овие избори требаа да бидат следниот чекор во господарењето на Ердоган со Турција. Замислата беше да се освојат доволно многу гласови за земјата од парламентарна да се префрли на претседателска демократија. Не дојдоа ни блиску до ова.

10-те заповеди за практиканти на Вол Стрит

Џери Мекгваер моментот му се случува на Џастин Кван (кога Мекгваер би бил негативец во филмот) веќе две години банкар во Барклајс, кој на своите приправници им испраќа меил со десет точки за нивната иднина во банкарството. По мејлот, на Квон предвремено му е прекинат договорот во Барклајс, плус компанијата во која треба да премине се премислува околу неговото вработување.

Непотребноста на тестовите за дрога на работно место

Лани од 9,1 милион чашки со примероци од урина, 350.000 покажале присуство на дрога. Меѓу позитивните примероци најчеста била марихуаната, а по нејзе следуваат амфетамини и лекови против болка.

Да му умре Ламборџинито на комшијата

Освен постојаната борба со криминалот, силите на злото и неподносливи туристи, полицијата на Абу Даби има и една дополнителна ставка за која само треба да размислува - како да најдат поскапа кола од најскапата што ја има полицијата на Дубаи. Најдоа.

Канализирање на наркоманијата

Досетлив начин да се испита наркоманијата во еден град. Наместо да ги прашуваш луѓето, го испитуваш она што го исфрлаат од телото. Осло моча метамфетамини.

Моментот кога треба да се сопре со технологијата

Процената е дека веќе е достигната точката на топење кога технологијата уништува повеќе работни места отколку што создава.

Браќа Балканци, ИСИС ве вика

Во последното издание на ИСИС го повикува светот, на ред дојде нивната публика од Балканот. Видеото кое технички и графички скоцкано како репортажа на ниво на СиЕнЕн, го објавува Ал-Хајат, официјалниот медиа центар на организацијата.

Удолу длабоко, угоре ФБИ

Цивилни авиони регуларно ги надлетуваат американските градови. АП откри дека дел од нив се регистрирани на лажни компании, летаат во служба на ФБИ и други државни агенции а опремени се со камери и технологија за следење телефони.   

БиБиСи запна за Меј и Хамонд

БиБиСи најави дека ќе го брка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд најавија дека ако ова се случи тие си одат од Топ Гиар. БиБиСи го избрка Џереми Кларксон. Меј и Хамонд го напуштија шоуто. БиБиСи сега сака да ги врати двајцата и тоа под услов да им даде многу пари.

Како Црвениот Крст собра пола милијарда долари за Хаити и изгради 6 куќи

Кампеш е една од најтешко настраданите области на Порт-о-Принс во земјотресот што го погоди Хаити. Американскиот Црвен Крст решава да започне со мултимилионски проект што треба да комплетно да ја промени очајно сиромашната област. Главна цел е таму да се изградат стотици постојани домови.

Ренесанса на студентскиот активизам

Иако протестите во кампусите на американските универзитети изгледаат како изолирани случаи, моменталната атмосфера во нив на многу 68-маши им изгледа како онаа во нивно време.

Шалом и мерхаба

Во Израел сосема сериозно се разгледува предлогот да се учи арапски јазик уште од прво одделение. До вчера незамисливо, вавиот предлог доаѓа од редовите на десничарската и националистичка Ликуд.