Непотребноста на тестовите за дрога на работно место

Лани од 9,1 милион чашки со примероци од урина, 350.000 покажале присуство на дрога. Меѓу позитивните примероци најчеста била марихуаната, а по нејзе следуваат амфетамини и лекови против болка.

Бескорисноста на овие резултати е во тоа што моментално речиси сите имаат поопуштен став кон марихуаната, а од друга страна и тестовите го потврдуваат растот користењето на лекови против болка.

Праксата се базира на политика воведена од Роналд Реган во 1988-ма, со која и не се бара ништо од просечниот работодавец. Ова не им пречи на неколку компании да почнат да создаваат индустрија која се базира на тестовите за дрога, составен од "производители на тестови, консултантски и адвокатски фирми специјализирани за нарко-тестови и процедури, и лаборатории кои треба да го спроведат тестирањето."

"Индустријата се базира на површно интуитивните аргументи за тестирање од дрога: ќе ги натера работниците помалку да користат дрога и ќе осигури поефикасно работно место," објаснува Џо Пинскер.

Тој ја цитира книгата "Alcohol and Illicit Drug Use in the Workforce and Workplace" од Мајкл Фроун. Негов прв факт е дека нема ниту еден доказ дека тестовите за дрога го намалуваат користењето на дрога, туку има повеќе показатели дека повремените уживатели на дрога (марихуана) избираат да не работат во компании што имаат вакви тестови.

Друга забелешка е што се трошат многу пари за да се "фати" мал процент од работната сила (350.000 позитивни случаи од 9,1 милион тестови).

"Според Фроун има три главни причини зошто тестовите и понатаму се толку чести. Едната е дека компаниите и понатаму се погрешно уверени во нивната ефикасност. Другата е дека осигурителните компании најчесто даваат попусти за работодавците кои ги спроведуваат тестовите. Третата е повеќе политичка и симболична: некои компании ги користат за да прикажат чист имиџ," пишува Пинскер.

6 јуни 2015 - 14:06