Математиката е на компанијата Траствејв, кои студираат 574 случаи на пробивање податоци низ 15 држави во 2014-та. Просекот на месечното чинење на овие кампањи бил околу 5.900 долари, заработувачката на овој влог (со претпоставена успешност на заразување од 10% и стапка на исплата од 0,5% и 300 евра по откуп) изнесува 90.000 долари. Кога ќе се одземат вложените пари, остануваат 84.100 долари.
Големата разлика во цена се постигнува затоа што продажните места на многу интернет компании се лошо обезбедени и лесно достапни, додека цената на личните податоци и понатаму е многу висока.
Од испитаните случаи на светско ниво 42% биле поврзани со е-комерц, 40 со ПоС системи, и 18% со внатрешни мрежи. Под податоци, "муштериите" најмногу биле заинтересирани за бројки од кредитни картички.
Кај е-комерцот само 8% од провалите биле заради слаби лозинки, 17% се заради слаба обезбеденост на далечинскиот пристап, 42 од слаба или непостоечка валидација и 33% од незакрпени пропусти.