Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности откри дека во одводот на Осло има повеќе метамфетамини отколку во кој друг било главен град на Европа.
Се работи за инвентивен и прилично доверлив метод на истражување на масовноста на наркоманијата со оглед на тоа што не бараа кооперативност од зависниците туку со урино-маркери се испитува канализациониот материјал кој го исфлра еден гrад.
Осло има двојно поголема концентрација од второпласираниот Дрезден, во студија во која биле опфатени 50 европски градови и нивните нус-продукти. Најголемиот норвешки град двојно ја зголемил употребата на наркотици од последното истражување во 2013-та.
Наспроти огромното нафтено богатство и државата на благосостојба, Норвешка константно задржува висок број на смртни случаи од злоупотреби на дроги, особено од хероин со што го држи европскиот рекорд.