Прв проблем на продуктивните луѓе е што не секогаш ја знаат разликата меѓу разумно одлагање на работите и автохтона прокрастинација. За нив, ова е објаснувањето:
- Првото може да биде корисно - после ќе одговорам не мејлот кога ќе имам повеќе време за да го напишам.
- Второто ни најмалку не може да биде корисно - треба одма да одговорам на мејлот, и имам време, ама веќе сум на тастатура и интернетот работи совршено добро, и никој не бара ништо друго да завршам, само едноставно... некако не ми се пишува.
Се до неодамна истражувањето на оваа појава се фокусира на тоа колку човек е добар во процена на трошоците и бенефитот во одреден временски период. Пример: однапред знам дека ќе ме боли ако одам на забар, ама тоа го правам затоа што знам дека проверките се најдобар начин за одржување на здрави заби во текот на животот и да си ги намалам потенцијално поголемите болки во иднина. Истиот принцип на авансно познавање на бенефитите и трошоците важи и за држењето диета, вежбањето, штедењето и сл.
Она што сега се менува во студирањето на прокрастинацијата е сфаќањето дека таа нема никаква врска со тоа колку си добар во менаџирање на времето, "да му кажеш на хроничен прокрастинтор едноставно да ја заврши работата е како на клинички депресивна личност да и кажеш да се разведри."
Според Џозеф Ферари, професор по психологија на ДеПол Универзитетот, во основа прокрастинација се случува заради две причини:
1. Одложуваме нешто затоа што мислиме дека не сме во право расположение за да ја завршиме работата.
2. Претпоставуваме дека ова расположение ќе се промени во скора иднина.
"Овој пристап создава прокрастинациски круг на пропаста. Одложување на важна задача не' прави да се чувствуваме напнати, виновни, па дури и засрамени. Овие три работи пак ни ја црпат емоционалната и когнитивната енергија потребна за да бидеме продуктивни. Ова го прави уште помалку веројатно започнувањето на некоја нова задача. Што не' прави да се чувствуваме виновни. Што пак не' прави помалку продуктивни. И така во круг," пишува Дерек Томсон.
Како предлог решение за излез од кругот е прво човек да си признае дека има потреба од рокови за која и да е работа што треба да ја заврши. И второ, да си признае дека нашите рокови се многу помалку ефективни отколку роковите на другите луѓе.