Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Реган ги прекина трговските преговори САД-Канада

24 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Трамп ги прекина сите трговски преговори со Канада поради телевизиска реклама во која се цитира изјава на поранешниот претседател Роналд Реган против воведувањето царини. Владата на провинцијата Онтарио платила 75.000 долари за телевизиската реклама наменета за американската јавност.
  • „Фондацијата Роналд Реган тукушто потврди дека Канада објави измамничка реклама, која е лажна, и во која Реган зборува негативно за царините. Ова го прават за да извршат притисок врз Врховниот суд на САД и другите судови. Царините се многу важни за националната безбедност и економијата на САД. Поради нивното незамисливо однесување, ги прекинуваме сите трговски преговори со Канада“, порача Трамп.

  • Фондацијата објасни дека во рекламата погрешно било пренесено радио-обраќање на Реган до јавноста на 25 април 1987 година за слободна и фер трговија. Онтарио не добил дозвола да ја користи и монтира изјавата. Ја повика јавноста да го проследи обраќањето во оригинална форма и најави тужба против Онтарио.
  • Во рекламата се пренесени изјави на Реган дека „царините можеби изгледаат патриотски, но всушност се на штета на секој Американец, работник и потрошувач“ и дека „поттикнуваат трговски војни, пазарите колабираат, се затвораат бизниси и милиони остануваат без работа“.
  • Три четвртини од извозот на Канада е наменет за САД. Дневната трговија со стоки и услуги изнесува 3,6 милијарди канадски долари. Дури 85% од стоките се опфатени со регионалниот договор КУСМО и за нив нема царини. За другите има царини од 35%, а за челик и алуминиум се 50%.

 

извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
3

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

8

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најголемиот непријател на слободата

Дени те пцува

Душко Радовиќ за почеток на годината

Нано знае да рачуна проценти на идентитети

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy