- Околу 2.000 златни и сребрени монети во вредност од околу 90.000 евра биле украдени од француски музеј само неколку часа по дрската кражба на крунски накит од парискиот музеј Лувр во неделата.
- Монетите биле украдени од музејот Maison des Lumières, посветен на филозофот Денис Дидро во Ландр, во североисточна Франција. Не се активирал алармот. Дури во вторникот, кога бил отворен музејот, била забележана кражбата. Витрината била скршена, а специјално избраните златници и сребреници ги немало.
- Кралскиот накит ограбен во Лувр е проценет на 88 милиони евра. Четворица крадци облечени како работници со градежен кран се кренале до прозорец, го скршиле, им се заканиле на чуварите, го исекле стаклото што го заштитувало накитот, се вратиле по истиот пат и избегале со електрични тротинети. Во Лувр биле 4 минути, а целата операција траела 8 минути. Не се активирал алармот, а во трите простории со накитот немало камери.
- Во септември од Музејот за природни науки во Париз биле украдени шест златни грутки во вредност од 1,5 милион евра. Биле пронајдени во Барселона, кај Кинескиња што сакала да го стопи златото.
- Во септември од музеј за порцелан во Лимож биле украдени две чинии и вазна во вредност од 6,55 милиони евра.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.