Под наслов "Честа е во Џихад, порака до Балканот," во видеото повеќе членови на ИСИС од Балканот им се обраќаат на Муслиманите од Балканот, и ги викаат да дојдат да се борат во Ирак и Сирија, по што евентуално ќе следува и ослободувањето на нивните родни земји. Обраќањето е на босански, албански и лош српски, а меѓу сегментите со борците вметнати се делови со англиска нарација во кои се збори за историјата и прогонот на муслиманите во регионов.
Две главни теми од повикот се: дојдете да се бориме за Исламската држава, а ако не можете да дојдете, таму сотрете ги неверниците. Предлозите за ова второво се движат од експлозив под автомобил и во домовите, до ставете им отров во јадењето и пиењето.
Целото видео: