Автомобилот е Ликан Хиперспорт, кој имаше една од позабелижетелните споредни улоги во Брзи и бесни 7, и чини 3,4 милиони долари. Има 6-цилиндарски, 3,8-литарски Порше мотор, кој треба да извади 770 коњски сили и од 0 до 100 да развие за 2,8 секунди. Најголема брзина му е 386 километри на час.
Моментално во светот има само два поскапи автомобили од Ликанот, Ламборџини Венено и Мајбах Екселеро.
Набавката на Ликанот за Абу Даби има и еден сегмент чисто за полнење на егото и да се излезе од сенката Дубаи чија полиција изминативе години создаде флота која вклучува: Авентадор, БМВ и8, Камаро, Бугати Вејрон, Астон Мартин...
Еве ги Дубајците: