Нешнл Журнал заедно со Центарот за одговорна политика прави анализа на трошоците на Обама. Иако се даваат пари на се' не споредливо многу оди на рекламирање, и неколку компании го добиваат најголемиот дел од буџетот за рекламирање. Во овие 750 милиони не се влезени парите собрани од супер ПАК-овите.
Од оваа сума, на медиуми се потрошени 483,8 милиони долари. Од нив на закупување рекламен простор на телевизиите завршиле 397,9 милиони долари, на интернет 74,5 милиони, на печатени медиуми 2,1 милион, и на сите останати 1,3. Само за продукцијата на рекламите се дадени 8 милиони долари.
Сумата потрошена на интернет рекламирање е речиси 4 пати поголема од онаа потрошена во 2008-ма, кога на "дигитал" беа дадени 21,1 милион долари. Според ваквиот тренд, оваа ставка во 2016-та треба да достигне 260 милиони долари (по кандидат). За споредба, Џорџ Буш помладиот во кампањата за првиот мандат во 2000-та, за интернет рекламирање потроши 120.000 долари.
Најголем дел од сумата што Обама ја троши за покривање на медиумите, 389,5 милиони долари, ја добива фирмата за адвертајзинг стратегија - ГММБ.
Меѓу трошоците за трачарење на Обама се: 163.000 долари за преноќувања во Холидеј Инн, 9.300 долари на пици од Доминос, и 500 долари на Старбакс.