Погоди зошто...

По 30 години повторно дифтерија во Шпанија

6-годишно дете од Каталонија е примено на интензивна нега откако кај него се забележани симптоми на болеста. Од својот роден град, детето моментално е пренесено на лекување во Барселона. Конкретниот случај е последица на една во последно време необјасниво популарна одлука на родители со мали деца.

Властите потврдуваат дека првиот случај на дифтерија од 1986-та се должи на тоа што родителите на детето решиле, и покрај широко достапната и бесплатна имунизација, да не го вакцинираат својот син.

Детето во Барселона е на терапија со анти-токсин кој затоа што е тешко достапен шпанското Министерство за здравство морало да се обрати до СЗО, од каде со помош на американските власти конечно нашле една потребна доза во Русија. Во понеделникот рускиот амбасадор во Шпанија со авион го донел лекот од Москва.

"Проблемот денес е што никој ја нема оваа болест, бидејќи сите се вакцинирани," изјавил генералниот секретар на министерството, Рубен Морено.

Сега семејството на детето е во длабок пишман заради следење на советите против вакцинирање, а првиот човек за јавно здравство на Каталонија за Ел Паис изјавува: "семејството е ужаснато и признаваат дека се чувствуваат прелажани, бидејќи не биле добро информирани. Тие имаат длабоко чувство на вина, од кое се обидуваме да ги ослободиме."

Родителите нема да бидат обвинети за негрижа, бидејќи и тие и детето се жртви на измама, а тие се согласиле да ја вакцинираат својата помала ќерка.

Како за цели томови со болести, така и за дифтеријата, вакцините се најдобар начин за превенција.

9 јуни 2015 - 14:45