Економист

Зошто Грција (пак) е во проблеми

Грција наводно неколку пати беше на самиот раб, давајќи му одреден 'Денот на мрморецот' призвук на целата сага. Кога во февруари беше продолжен рокот за спас малкумина веруваа дека земјата ќе преживее до јуни без договор. Земјата нема добиено никакво надворешно финансирањето од август 2014-та.

Зошто евро зоната се уште се расправа околу Грција?
Грција не може да ги плати сопствените сметки и долгови, а во исто време е исклучена од пазарите на капитал. Затоа на неа и е потребна финансиска помош од "официјални" заемодавци: евро зоната и ММФ. Ама пред да ги пуштат парите за помош, кредиторите бараат реформи и буџетски кратења кои ќе ја стават Грција на поцврста долгорочна основа. Некои од овие услови се покажаа како премногу тешки за исполнување за неколку грчки влади.

Ова е постојната кореографија уште од првиот план за спасување на Грција пред 5 години. Но во јануари, брутализирани од економската депресија заради која имаше пад на производството во износ на една четвртина од БДП, гласачите на Грција избраа влада предводена од радикалната левичарска партија Сириза. Вооружена со мандат да го искине омразениот "меморандум" (условите од кредиторите за добивање помош), владата, предводена од Алексис Ципрас, започна со обиди за промена на условите за вториот пакет за спас на Грција, од кој има преостанато 7,2 милијарди евра во банка. Меѓутоа заемодавците на Грција, вклучувајќи ги и останатите влади на евро зоната, останаа цврсто на своите ставови. Во февруари двете страни се согласија да ја го продолжат рокот на пакетот за спасување до 30-ти јуни. Но од тогаш е направен многу мал напредок.

Што сака секоја од страните?
Минатата недела двете страни објавија конкурентни предлози за реформи, од кои и двете се појавија во јавност. И понатаму постојат несогласувања во голем број области. Веројатно најспорната е реформата на пензиите. Кредиторите сакаат Грција да направи најразлични кратења во великодушниот пензиски систем, кој вреди околу 1% од годишниот БДП. Меѓутоа дополнителни кратења на пензиите можат да бидат директно спротивни на изборните ветувања на Сириза за ставање крај на она што тие го нарекуваат грчката "хуманитарна криза." Остануваат разликите околу ДДВ-то, кој заемодавците сакаат да се поедностави и да се зголеми. Двете страни изгледаат поблиски кај договорот околу реформите на пазарот на труд, но се уште треба да најдат заедничко тло кај правилата за колективни договори и минимална плата.

Потоа тука е прашањето за грчкиот долг, кој по два пакети на помош изнесува 180% од БДП-то. Проекциите што секоја од страните ги направи за примарниот буџетски суфицит на Грција не се разликуваат премногу: двете предвидуваат дека Грција од 2018-та ќе има суфицит од 3,5% од БДП-то, што би значело разумен пад на грчкиот сооднос на долг со БДП доколку успее да одржи економски раст. Но кредиторите, посебно ММФ, не прифаќаат дека грчките предлози за реформи ќе доведат до таква бројка. Веројатно најважно прашање за Грција е ветувањето за некаква форма на преструктуирање на долгот. Грчките кредитори во основа не се против идеи како продолжување на достигнувањето на долгот, ама за сега сакаат да ја одложат таа дискусија.

Нели на Грција до сега требаше да и снемаат пари?
Таа наводно неколку пати беше на самиот раб, давајќи му одреден 'Денот на мрморецот' призвук на целата сага. Кога во февруари беше продолжен рокот за спас малкумина веруваа дека земјата ќе преживее до јуни без договор. Земјата нема добиено никакво надворешно финансирањето од август 2014-та. Таа и понатаму плови само заради применување на се поочајни мерки, од празнење на куферите на општините до одлагање на исплатата на добавувачите. Таа исплати само една рата на ММФ позајмувајќи од фондот преку одделна сметка, и искористи ретко употребувана одредба во правилата на ММФ за одложување на плаќањето на јунската рата до крајот на месецот. Пропуштената исплата на кој било официјален кредитор може да доведе до редови пред банките, губење на поддршката за ликвидност од ЕЦБ, мерки за контрола на капиталот од Грчката банка, и, на крај, грчко напуштање од еврото ако е приморана да почне да печати сопствена валута за исплаќање на платите и пензиите.

Што се случува следно?
Во минатите 4 месеци бескраен број на рокови дојдоа и заминаа. Ама на 30-ти јуни ќе биде поразлично, од две причини. Прво, истекува пакетот за спас на Грција, што значи дека 7,2 милијарди евра повеќе нема да бидат достапни. (Ниту пак над 10 милијарди евра наводно резервирани за рекапитализација на банките, и дел од кои може да се искористат за помош на владата.) Ова ќе ги направи грчките банки неподобни за поддршка на ликвидноста од ЕЦБ. Второ, ќе доспее пакетот исплати на ММФ, вреден околу 1,6 милијарди евра.; Грција речиси со сигурност не може да ги собере овие пари без помош. Освен ова, во јули и август, Грција на ЕЦБ мора да и плати 6,7 милијарди евра.

Дури и договор со заемодавците ќе остави неколку неодговорени прашања. Првото е дали г-дин Ципрас ќе може ова да го продаде на своите се понервозни членови на владата и парламентот. Некои предлагаат референдум, или нови избори. Второто е дали ќе има доволно време за да се добие договор одобрен од различните парламенти во евро-зоната, од кои најголем дел ќе бидат на пауза во дел од јуни и на кои и без тоа им е боктисано од Грција. Третото е улогата на ЕЦБ; Грција сака банката да ја крене границата што ја има воведено на краткорочниот долг на Грција, кој може да биде дополнителен извор на фондови. Меѓутоа не е јасно дали банката ќе го стори тоа пред евро зоната да се согласи да го исплати кешот за спас.

Што е со гласините за трет пакет за спасување?
Може е тешко да се верува, ама расправиите во претходните неколку месеци се однесуваат на релативно мало прашање: како да се затвори вториот пакет за спас на Грција. Дури и да се постигне договор фондовите многу брзо ќе бидат проголтани. Бидејќи приватното финансирање се уште не е опција, Грција и понатаму бара трет пакет за спас. Некои општи пресметки ја одредуваат потребната сума на некаде меѓу 30 и 50 милијарди евра. Довербата меѓу двете страни исчезна по изборот на Сириза, што значи дека кредиторите е најверојатно дека ќе бараат уште потешки услови отколку оние кои претходно би ги поставиле.

Две работи може да ја ублажат ситуацијата за Грците. Првата е дека третиот пакет за спас веројатно ќе вклучува и некаква форма на преструктуирање на долгот. Втората е дека инволвирањето на ММФ, кој е многу строг околу спроведување на реформите, не е гарантирано. Тензиите меѓу Фондот и, посебно, Европската комисија, пораснаа во последните седмици: во недостатокот на силни реформи Фондот бараше преструктуирање на долгот за да му излезе математиката. Комисијата претпочита политички ескиважи.

Дали Грегзит ќе биде катастрофален?
Ефектите врз Грција ќе бидат сериозни и инстантни, како што парите ќе излегуваат од банките, долговите на грчките фирми во евра ќе почнат вртоглаво да растат додека тоне вредноста на новата драхма. На долг рок, некои предвидуваат дека конкурентните добивки од адаптирањето на валутата ќе и помогнат на Грција да застане на свои нозе. Што се однесува до евро зоната, споредено со 2012, кога Грција последен пат беше на работ, таа е во подобра состојба за да се справи со Грегзит. Нејзините банки се добро покриени, воспоставен е голем фонд за спас, а 80% од грчкиот долг сега е во "официјални" раце. Сепак грчкото заминување ќе сигнализира дека членството во ЕУ е условно. Иако брза акција од ЕЦВ ќе ги заштити останатите ранливи држави, како Португалија, од непосредни напади на пазарот, на долг рок нивното позајмување перманентно ќе порасне. ОЕСР предупреди дека Грегзит ќе и наштети на европската економија. А тука се и геополитичките проблеми: Ангела Меркел германската канцеларка, е меѓу оние кои се плашат од последиците од пукнатини во ЕУ кога Русија се заканува на нивните соседи. Од доаѓањето на власт г-дин Ципрас флертува со Владимир Путин, најмногу околу заеднички проекти за енергија.

Чија вина е ова?
Има доволно вина за сите страни. Европските политичари веројатно не требаше да дозволат Грција во 2001-ва да влезе во еврото, две години по креирање на валутата. Грчките влади не требаше да ја користат државата како инструмент за покровителство, не требаше толку неконтролирано да трошат во годините пред 2008-ма, и - како Ирска, Португалија и Кипар - требаше да ја искористат шансата да спроведат длабоки структурни реформи под притисок од пакетот за спас. Евро зоната е виновна за наметнување на премногу штедење врз разурнатата економија, за товарање на Грција со долг кој не може да го плати - и за оглушеност кон растечкиот очај на просечните Грци. Европските политичари не требаа да бидат изненадени што гласачите бараа радикална алтернатива, и тие требаа да најдат покреативни начини за справување со нив кога дојдоа. Но Сириза е руина додека е на власт, оддалечувајќи ги потенцијалните сојузници и уништувајќи ја довербата што и е потребна за обезбедување на подобар договор за себе си. Ова е несреќна приказна која лошо се отсликува на сите вклучени во неа.

Економист

8 јуни 2015 - 17:36