Вендел Валах од Јеил Универзитетот зборува за технолошки вишок кој расте на погон од новите технологии како роботи и 3Д печатење. Најголем проблем со овој тренд е што не изгледа дека запира, главно затоа што технологијата еволуира побрзо од кога и да е, благодарејќи на тоа што е многу малку регулирана и под надзор.
Тој цитира една студија од Оксфорд од 2013-та, според која 47% од работните места во САД ќе бидат компјутеризирани во следните 10 до 20 години. Освен невработеноста, дополнителна последица на ова е што ќе продолжи да расте разликата во платите.
"Традиционално, елементи како продуктивност, работни места, дневници и приходи паралелно растеа. Како и да е во последните 30 години БДП-то и продуктивноста растеа додека просечните приходи застанаа а вработеноста оди по рамна линија," пишува Валах во својата книга "A Dangerous Master: How to Keep Technology from Slipping Beyond Our Control".
Како пример тој дава споредба од 1990-та кога големата тројка ГМ, Форд и Крајслер носат приходи од 36 милијарди долари и вработуваат милион работници. Денешната голема тројка Епл, Фејсбук и Гугл, имаат приходи од над 1.000 милијарди долари, а вработуваат само 137.000 работници.