10-те заповеди за практиканти на Вол Стрит

Џери Мекгваер моментот му се случува на Џастин Кван (кога Мекгваер би бил негативец во филмот) веќе две години банкар во Барклајс, кој на своите приправници им испраќа меил со десет точки за нивната иднина во банкарството. По мејлот, на Квон предвремено му е прекинат договорот во Барклајс, плус компанијата во која треба да премине се премислува околу неговото вработување.

По добредојдето во групата за енергетика и услужни сервиси на Барклејс (Power group), тој на практикантите им порачува:

"Следните 9 недели ќе живеете и ќе гинете по овие правила:

1. Нашата група се облекува многу конзервативно. Имајќи предвид дека е лето, се прифаќа не носење на чорапи, и всушност и се поттикнува. (Мажи: на вашиот прв ден на вашето биро, обичај е да се носи лептир машна и/или трегери).

2. Запаметете: ова е летна пракса со полно работно време. Нема да биде лесно. Ако не можете да ја поднесете жештината излегувајте од кујна."

3. Очекуваме секоја вечер да бидете последни што ќе си заминат... без разлика на се'. Така се однесуваат добри летни аналитичари. (Исто така доаѓање на работа пред мене ќе биде моќен потег - Овој петок уживајте во лабавото доаѓање на работа во 9 и 15, ама немој да се навикнувате на тоа

4. За време на првите неколку недели бараме сите ваши прашања да ги упатите кон Мајкл Ломио. Ова кажете им го и на другите летни, Мајк е агностик на индустријава. Ако мене ми поставите прашање ќе биде забележано.

5. Никогаш немојте на работа да го соблекувате вашето палто. Ова е инвестициско банкарство дами и господа. Другите групи може се полиберални кога се во прашање летните правила за облекување, ама за жал ние не сме.

6. Ќе добиете јуниор "ментори". Многу би почитувале ако му носите појадок на вашиот "ментор". Некои луѓе се поспецифични околу ова од други.

7. Ви препорачувам носење перница во канцеларија (а може и душек за јога). Ова го прави спиењето под вашето биро далеку поудобно, во многу веројатниот случај дека ќе мора тоа да го сторите.

8. Од вас се очекува да одвоите најмалку половина од вашите веб нарачки во месец јуни за апетисани и грицки за групата. Без поставување прашања. Кога ќе си заминат тие со 2 години стаж, вие ќе може да уживате во вашите 25 долари. (???)

9. Чувајте резервна машна или марама. Никогаш не знаеш кога не некој од претпоставените ќе му снемаат салфети.

10. Кога ќе треба да станете од биро ќе има лист за потпишување пред вашиот кјубикл. Пополнете го вклучително и тоа каде одите и колку ќе се задржите. Ова ќе биде важно на крајот од вашата пракса.

Се надевам дека ви е јасно од горните правила дека праксата во основа е 9-неделно стражарење на биро. Тука сте со единствена цел доволно да ја импресионирате групата за да добиете понуда за полно работно време. За време на мојата пракса во групата, еден практикант го праша нашиот претпоставен дали ќе може да добие слободен викенд за семејна средба - му рекоа дека може да оди. Исто така му рекоа да го врати Блекберито и да ги спакува работите од биро."

Џастин мејлот го завршува со мини тест за приправниците: "Има неколку печатни грешки во мејлот. Намерно се направени. Првиот човек што ќе ми одговори на мејлот со најмалку 3 означени грешки е на ОДЛИЧЕН пат."

8 јуни 2015 - 10:17