Унијата во 150 денари

Под многу притисок од Франција, Белгија одлучи да се повлече и да не кова комеморативна монета од 2 евра за 200 годишнината од поразот на Наполеон кај Ватерлo. Исковаа монета од 2,5 евра.

 

Белгијанците повлекоа 180.000 парички од по 2 евра, и наместо нив направија 70.000 примероци од 2,5 евра. Ова им успеаа благодарејќи на едно правило од ЕУ кое им дозволува на земјите членки да коваат монети по сопствен избор, се додека се со нередовна деноминација. Овие монети важат само во земјата која ги издала, а не во целата Унија.

Паричките се продаваат во кесичка, по цена од 6 евра за една паричка.

Министерот за финансии на Белгија, Јохан Ван Овертвелд, објаснува дека целта на новите парички не е да ги провоцираат Французите.

"Целта не беше да се оживеат старите кавги во модерна Европа - а има работи кои треба да ги расправаме. Меѓутоа нема ниту една битка во скората историја која била толку важна како Ватерлo, или битка која приближно ја буди фантазијата," изјавил министерот за Франс-прес.

Во март годинава Французите се кренаа против замислата на Белгија, порачувајќи дека "уживањето во францускиот пораз ќе ја поткопа европската единственост, која и онака е проблематична во моментот."

Битката кај Ватерло е клучниот пораз на Наполеон.

9 јуни 2015 - 23:33