ФИФА се, може се

Со премиера во 10 киносали, во САД започна прикажувањето на биографскиот филм за Сеп Блатер "Обединети пасии". ФИФА за филмот плати 29 милиони долари, во петок и сабота во САД тој заработи вкупно 607 долари.

Во петокот филмот заработува 319 долари, а во саботата 288 долари. Најголем дел од парите доаѓаат од кино во северен Холивуд кое во рок од 2 дена носи 164 долари, според бројките објавени од Холивуд репортер.

Пред премиерата во САД, во текот на минатата година низ светот филмот заработи вкупно 178.000 долари.

Главен лик е Сеп Блатер, кого го глуми Тим Рот, а Сем O'Нил ја имаше улогата на претходникот на Блатер, Жоао Авеланж.

Критиките на филмот се следни:
- Гардијан - ... како кинематографија ова е измет...
- Њујорк Тајмс - ... еден од најнегледливите филмови во последно време...

Трејлер за филмот:

9 јуни 2015 - 09:44