Вести

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Речник

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Јадеме еден те ист зеленчук

Тоа не само што не досадно туку и е проблем, како за луѓето и нивната исхрана, така и за шареноликоста односно биодиверзитетот на растенијата што се јадат. Масовното земјоделско производство форсира многу мал број култури додека други се соочуваат со исчезнување. Јадеме пет, шест, седум зеленчуци, додека во светот постојат речиси 1.500. 

За ГМО работите

Тоа што војната против генетски модификуваните организми е полна со сеење страв, грешки и измами, нема никако да помогне овие производи да станат побезбедни, пишува Вилијам Салетан за Слејт, кој речиси цела мината година ја троши на пребарување на доказите, за и против.

Може ли Ронда да го победи Мејведер?

На спортските награди на ЕСПН, ММА натпреварувачката Ронда Роузи собра две награди, и по пат му се ссна на Мејведер, по основа на сите обвинувања против него за домашно насилство односно тепање жени, порачувајќи дека би сакала да се проба со него во ринг. Тоа што ова нема да се случи, не значи дека веќе не започна мисловната гимнастика околу темата.

Германија да го напушти еврото

Последната рунда препирање меѓу Грција и европските кредитори уште еднаш покажа дека држави со така неспоиви економии никогаш не треба да влегуваат во заедничка валута. Би било подобро за сите вклучени, ако Германија, а не Грција, прва се исклучи.

Пејџ и Брин го растурија неработниот петок

Некаде околу пладне во петокот вредноста на акциите на Гугл достигна раст од околу 15% во однос на утрото, најголемиот 1-дневен скок на акциите во историјата на компанијата.

Не купувајте германско

По примерот на сите успешни акции за блокирање на душмански странски производи (Македонци против грчко, Срби против Фруктал и сл.), Грците одлучија дека е време да и нанесат лута рана на германската економија и да ги бојкотираат германските производи.

Кога Техеран ќе добие МекДоналдс?

13 години санкции, 2 години преговори, и сега остана уште потписот на владите од двете страни, за конечно да се кренат санкциите над Иран. Властите на Иран имаат едни очекувања од крајот на санкциите, Иранците сосема други.

На ништо од ова да не верувате

Научници, фела со која до сега се согласувавме по секоја основа (од Биг Бенг до вакцини), некако сфатиле дека ја имаат нашата безусловна поддршка за што било, па дека за сè ќе им веруваме на збор. Овој пат нема да може.

Приколката која ни недостасува

Како што знаат некои меѓу нас, пишувањето на сајтов од локации „среде никаде“ и имањето сигурна интернет врска, не е секогаш можно. Или барем така мислевме дур не ја видовме оваа приколка.

Варуфакис, бунтовник без причина

Откако цела седмица тераше лута непоколеблива кампања за гласање "НЕ" на грчкиот референдум, Варуфакис вечерта на 5-ти јули ја дочека победоносно. Следното утро сред победничка атмосфера и со обновена доверба од граѓаните, Варуфакис поднесe оставка на министерската позиција, ама остана парламентарец.

Маршал направи смартфон

Од чиста мира Маршал (да тој, црко Маршал) денес објави дека направиле смартфон, и ги пушти првите информациите и фотографии од него. Службеното име на смартфонот на Маршал е - Лондон.

Мрачната страна на емоционалната интелигенција

Тренди е да се инсистира на добрите страни на емоционалната интелигенција, без која ниту најинтелигентиот човек не е комплетен. Но таа може да има и мрачни страни.

Како технологијата ќе помогне, па ќе одмогне околу иранскиот договор

О.Н. мониторите на нуклеарната програма на Иран на располагање имаат одлични нови модели на сензори и останата. Иранците имаат договор и пропусти во него.

Деновите на грчката мизерија

Откако неколку годишната драма резултираше со апсолутно никаква новина - Грците ќе останат во еврото и ќе добиваат пари, а ЕУ ќе глуми дека е лута и ќе им дава пари, фино е да се направи една пресметка за ужасот во кој живеат и како преживуваат напатените грчки граѓани.

Помогни ѝ на Грција, купи остров

Една од кафанските логики за тоа зошто Грција никогаш нема да пропадне е - има илјадници острови, сто да продаде ќе се спаси. Ако ја прескокнеме целата економска логика, макроекономските сили и здравиот разум, и одиме по оваа линија за спас на земјата, тогаш ова најевтиниот придонес за да ѝ се помогне.

Се укинуваат санкциите против Иран

Во постава Иран и 6 светски сили, беше постигнат договор со кои се креваат санкциите кои беа воведени пред 12 години. За возврат Иран ќе треба да направи одредени отстапки околу нуклеарките.

Велосипедскиот град на светот

Од 190.000 жители на Гронинген, на над 50% главно превозно средство им се велосипедите. И покрај тоа што и понатаму на сила се мерките за поттикнување на возење точак, тие ова повеќе не го гледаат како обврска, туку како навика.

Како Ел Чапо пак избега?

Пак, затоа што во 2001-ва во времето откако мексиканскиот Врховен суд ја одобри неговата екстрадиција во САД, тој успеа да избега во затвор криејќи се во количка за валкана облека. На полицијата и требаа 13 години за да го прибере. До викендов никој немаше избегано од затворот Алтиплано.

Како Фејсбук решава што тебе ти е интересно

Во антички времиња беше едноставно, кој што и да направи на Фејсбук на тебе тоа ти излегуваше на ѕид, па ти го читаш или кенкаш дека некој те гуши. Потоа Фејсбук реши да ти ја среди гужвата на ѕид, и он да одбира што на тебе ти е најинтересно за гледање. Сега е хаос, никој освен Фејсбук не знае што точно ти излегува на ѕид, а што пропушташ, и зошто баш така.

Светлата страна на мамурлакот

Текст на американски писател кој е толку често мамурен, што одлучил на ова да гледа не како на проклетство, туку како на благослов. Затоа што според него таа физички мачна состојба може да ви отвори духовно „трето око“, и да ви помогне повеќе да си го цените вашиот трезен, и немамурен живот.

Како градот те уништува

Од светската популација повеќе од половина живее во градови. До 2050-та се очекува околу 70% од човештвото да биде сместено во град.

ЛА Тајмс: Александар не бил Грк

„Александар Македонски е првата глобална славна личност: херој, супермен и, како што самиот си верувал, Бог" - вака почнува текст во ЛА Тајмс, за ликој којшто е каменот (или повеќе бронзата) на сопнување помеѓу нас и нашиот јужен сосед. Не дека тие во моментов немаат поголеми проблеми од тоа чиј е Аце, кого на времето и онака не можеле да го смислат.

Стара норвешка: Со пушки да не фрлате

Норвешките полицајци лани пукале само два пати. Во обата случаи промашиле.

Бегај од Грк со обврзници

Во 2010-та година (на нашата претходна веб адреса) го објавивме на македонски овој текст на Венити Фер со најава "Веројатно најдобриот текст што ќе го прочитате за грчката криза". Пет години подоцна, после сè што прочитавме и пренесовме за Грција, го реобјавуваме со најава: "Веројатно најдобриот текст што ќе го прочитате за грчката криза".

Германска забава за цело семејство

Во догледно време во Германија инцестот би можел да биде легализиран откако тоа го побара германскиот етички комитет.