Некаде минатиот викенд се појави хаштагот #BoycottGermany, за во текот на неделата да почне да добива на сила и за три дена да биде употребен над 30.000 пати.
Меѓу пораките за бојкотирање на германски производи се и совети за тоа кои се бар кодовите на германските производи (што почнуваат со број од 401 до 440), што само по себе е грешка бидејќи ова го означува седиштето на компанијата, а не и каде се наоѓа фабриката во која тие се произведени.
Дел од пораките е да се удри само на луксузните производи (автомобили), а хаштагот имаше и достаточна доза на носталгија на периодот по Втората светска војна кога Германија се уште ги немаше избришано долговите.
Една од основните маани на акцијата ја забележа германскиот новинар Томас Валде, кој твитна "Дали Грчкото барање за #BoycottGermany ги вклучува и германските пари за помош? Не? Ок тогаш."
Германските компании од своја страна и даваат сосема коректно внимание на акцијата, објаснувајќи дека целата работа сериозно ја сфаќаат, ама за сега нема простор за паника, бидејќи од почетокот на кризата постојано има вакви повици.
"Лута рана" од воведот е само за во одјавата да можеме да го ставиме ова: