По две години преговарање, Иран и 6-та си дадоа рака за: цивилната нуклеарна инфраструктура на Иран да остане недопрена, санкциите против банките и на извозот да бидат кренати, а ембаргото за увоз на оружје да биде укинато и заменето со 5-годишна забрана за купување оружје. За возврат "под никакви услови кога и да Иран не смее да се обидува да бара, развива или набави нуклеарно оружје."
Клучни точки од договорот:
- Укинување на сите санкции економски и финансиски санкции од ЕУ поврзани со нуклеарната програма.
- Отворање на филијали на иранските банки во земјите членки во ЕУ и финансиска поддршка за трговијата меѓу ЕУ и Иран.
- Кревање на санкциите од САД за бизнис со иранските банки и забраната за трансакции во иранска валута.
- САД може да ги купува иранските нафтени производи и теписи, и на Иран да му продава комерцијални авиони.
- Ограничувањето на иранското збогатување на ураниум и сите активности поврзани со него, вклучително и истражување и развој, во следните 8 години.
- Редизајн и изградба на "модернизиран реактор за истражување на тешка вода" во Арак чисто за "цивилно нуклеарно истражување."
- "Долгорочно" присуство на ИАЕА во Иран кое ќе вклучува и мониторирање на концентратот од ураниумска руда произведен од Иран во последните 25 години.