Кај основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергерј Брин, ова се одрази со плус од 8 милијарди долари во вкупното богатство, или по 4 милијарди долари кај секој.
До сега, 2015-та е прилично даровна за двајцата и за остатокот од акционерите. Според пресметката на Блумберг, нивното богатство е зголемено за околу 20% во однос на почетокот на годината или по околу 7 милијарди долари од основач.
Нето вредноста на Пејџ според Форбс сега се проценува на 35,7 милијарди долари, додека Брин е на 35 милијарди долари.
Ерик Шмит, актуелниот претседател на Гугл, кој поседува 1,3% од компанијата, како последица на петочниот скок заработи околу 1,8 милијарди долари, па неговото нето богатство Форбс сега го проценува на 10,4 милијарди долари.
Петочната реакција на берзите се должи на објавувањето на извештајот за заработувачката на Гугл во четвртокот вечерта.