Според Фејсбук, просечниот корисник има пристап до околу 1.500 постови на ден, ама од нив гледа само околу 300 (ако си упорен и немаш работа, ќе ги видиш сите).
Рангирањето на овие (во просек) 300 статии е речиси комплицирано колку и ФИФА ранкингот на фудбалските репрезентации низ светот, ама дава далеку пореални резултати (побогу Белгија беше втора во свет пред еден месец). Фејсбук има илјадници варијабли врз основа на кои избира постовите што ќе ги видиш:
- Најважната од сите е колку си близок со изворот. Без разлика дали е човек или фан страна. Ова се оценува според тоа колку често ги лајкуваш нивните постови, колку често им пишуваш на ѕид, им ги разгледуваш фотографиите или си пишувате на месинџер.
- Зависи и од тоа каков е постот. Фејсбук сака да им покаже повеќе линкови на оние кои кликаат на линкови, видеа на оние кои гледаат видеа, итн...
- Содржините кои привлекле поголема активност од читателите ќе бидат прикажени кај повеќе луѓе.
- Оние што постојано користат мобилен со побавен интернет ќе добијат помалку видео содржини.
- Коментари со "честито" алгоритамот на Фејсбук ги перцепира како сигнал дека се случило нешто важно во животот на тој што го објавил постот, па ќе го покаже кај повеќе луѓе.
Освен условите кои се стандардизирани, Фејсбук постојано врз 1% од сите корисници тестира нови варијабли кои би можел да ги воведе во алгоритамот. Ако тестовите направат разлика, тие веднаш се имплементираат на сите корисници.
За остатокот од магијата зад ѕидот на Фејсбук, тука.