Илјадници жени што развиле мозочен тумор го тужат Фајзер

Фајзер на суд ќе се брани од колективната тужба на повеќе од 1.000 жени што тврдат дека развиле тумор на мозокот по користење на хормонско средство за контрацепција. Фармацевтскиот гигант не ги предупредил потенцијалните корисници и лекарите за ризикот од развој на интракранијален менингиом ако инјекцијата Депо-Провера се користи повеќе од една година.

Во изминатите месеци бројот на поединечни тужби поднесени од жени во САД против Фајзер се зголемил тројно на повеќе од 1.300. Адвокатската канцеларија Левин Папантонио, која ја покренува колективната тужба, очекува бројот на оштетени жени да се искачи на помеѓу 5.000 и 10.000. Потенцијалната сума на бараната отштета ќе биде неколку милијарди долари.

Студија објавена во Британскиот медицински журнал во март 2024 година покажа дека продолжената употреба на одредени лекови со прогестоген е поврзана со поголем ризик од интракранијален менингиом, тумори што се формираат во ткивата околу мозокот. Медроксипрогестерон ацетатот, кој Фајзер го продава како Депо-Провера, е поврзан со 5,6 пати поголем ризик.

Менингиомот е најчестиот вид бениген тумор на мозокот. Тој расте бавно и обично не се канцероген, но може да предизвикаат губење на видот или слухот, главоболки и напади, поради што мора да биде отстранет по хируршки пат. Операцијата носи ризици од потенцијално оштетување на мозочните структури во близина на туморите. И други студии открија зголемен ризик поврзан со лекот на Фајзер.

Компанијата се брани дека настојувала да објави предупредување за тумор на етикетата на лекот, но ова било одбиено од американскиот регулатор, Администрацијата за храна и лекови (FDA). Фајзер соопшти дека била свесен за потенцијалниот ризик поврзан со долготрајната употреба на прогестогени и дека ги ажурирал предупредувањата на етикетите во Канада и Европа.

Се смета дека околу 247 милиони жени ширум светот земаат хормонски контрацептиви. Во САД, речиси една четвртина од сексуално активните жени користеле Депо-Провера во текот на својот живот.

2 октомври 2025 - 08:12