Сме сретнале ние секакви мотиви за песна: љубовни, патриотски, државотворни, епистемолошки... ваков немаме сретнато. Мотив кој е локално омеѓен како бавча и се фокусира на пиперките и доматите и производите од нив како дел од стратегијата за преживување и идентитетот. Ако се анализира пејачот (со брада како Јане Сандански и тока Луи Витон), може да се заклучи дека таа снага не е од пипер/патлиџан.