Песната „Шошана“ во Израел се изведува на речиси сите свадбени прослави а мелодијата била прифатена и на Блискиот Исток. На хебрејски во превод е името Сузана, а на современиот хебрејски јазик означува цвет ружа.
Убавината на текстот и библиските референци ја прават песната дел од културниот и религиозниот живот на Евреите и не само тоа, текстот е вклучен во време на молитвите на Шабат, а исто така и како псалм во лутеранската молитвена книга од северна Европа.
Автор на музиката е Јозеф Хадар, а на текстот Моше Дор.
Набрзо своја верзија на истата мелодија снимило и дуото Дудаим. Во ’60-те години дуото The Dudaim тргнува на европска турнеја каде песната „Шошана“ станува најголем хит. Од 1960-та па и следната деценија во ’70-те песната ја препевуваат многу меѓународни пеачи како Хери Белафонт, Оливера Катарина, Нана Моускури, Дајла Лави, Мартин Симпсон и Миријам Макеба.
На просторот на поранешна Југославија прав бум со песната прави рок бендот Дах којшто ја преработува Шошана. Во 1975-та година овој бенд се сели во Белгија, го менува името во Land и снима англиска верзија на песната која што доживува уште поголема популарност.
На фудбалските стадиони, оваа мелодија се јавува некаде во раните ’80-те години, а меѓу првите ја пеат навивачите на белградски Партизан (официјална верзија снимена од Владимир Савчиќ - Чоби):
Панк бендот „Група ЈНА“ сними и своја преработка:
Мелодијата брзо станува општоприфатена по стадионите и салите, а омилена им е и на навивачите на Вардар, Комити коишто на оваа мелодија го пеат текстот: „Тебе те сакаме, тебе те бодриме, срцево мое за тебе, само напред Вардаре“.
Торцида - Хајдук Сплит:
Делије - Црвена звезда:
А приказната за уште една планетарно позната навивачка песна тука.