Страшен настап на Никола Јокиќ - 56 поени и трипл-дабл!

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 142:138 со уште една невозможна партија на нивниот лидер кој од вечер во вечер ги поместува границите.

На Божиќ по грегоријански календар НБА секоја година диригира интересни натпревари, а прав спектакл приредија Денвер Нагетс и Никола Јокиќ.

Составот од Колорадо славеше 142:138 а Србинот уфрли 56 поени со 16 скока и 15 асистенции. Денвер победи после продолженија.

Ова е првпат во историјата на НБА некој играч да има најмалку 55 поени со најмалку 15 скока и 15 асистенции.

Ова е и трет најголем број поени од некој кошаркар на Божиќ по грегоријански календар во НБА лигата.

Вилт Чемберлен во 1961-ва постигнал 59 поени а Бернад Кинг имал рекордни 68 поени на Божиќ во 1984-та како играч на Њујорк Никс.

Фантастичен во триуфмот на Денвер Нагетс кој уште е горе при врвот на Западната конференција беше и Џамал Мареј кој го испрати Јокиќ со 35 поени и 10 асистенции, Тим Хардавеј Џуниор даде 19 поени а Спенсер Џонс помогна со 12 поени и 8 скока.

Кај Минесота Тимбервулвс најефикасен беше нивниот лидер Ентони Едвардс со 44 поени а мораше да излезе пред време поради исклучување. Џулиус Рендл додаде 32 поени со 7 скока и 6 асистенции, а Џејден Мекданиелс 21 поен, 4 скока и 4 асистенции.

26 декември 2025 - 08:08