Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

И Николче Новески кажа што има за Ангеловски: „Човек кај кого личната суета излегува во преден план“

25 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Некогашниот репрезентативен стопер со 65 настапи за Македонија и клупска легенда на германски Мајнц 05, а сега раководител на скаутинг службата при ФФМ, Николче Новески се надоврза на дискусијата која веќе неколку денови ја збуни македонската јавност.
  • Новески во нешто помирен тон за разлика од неговите колеги и поранешниот селектор, кажа мислење на темата:
  • „Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план.
  • Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби.  Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”.
извор

Почнува продажбата на билети за Македонија - Словенија

30 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија ќе почне во понеделник, на 2 ноември.
  • Натпреварот се игра во рамки на петтото коло од групата Б во Лигата на нации, а цената ќе изнесува 500 денари.
  • „Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk“, информира ФФМ.
  • Македонија по четири одиграни меча има 0 бодови, додека Словенија е втора во групата со седум поени и големи шанси да оди понатаму во осминафинале од Лига на Нации.
  • Натпреварот се игра на 16 ноември од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
извор

Десет „Златни топки“ гостувале во Македонија, ги знаете ли кои се?

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Хари Кејн е најновата „Златна топка“ во светскиот фудбал, а со тоа кога ќе ја согледаме историјата, тој стана десеттиот играч кој ја освоил оваа престижна награда, а љубителите на фудбалот имале шанса да го гледаат на терените во нашата земја.
  • Центарфорот беше гостин во Македонија со екипата на Тотенхем кога играше против Шкендија, како и со репрезентацијата на Англија. Од 1991 па наваму, од осамостојувањето на Македонија, уште девет играчи биле тука.
  • Тоа се Кристијано Роналдо со У21-тимот на Португалија, Павел Недвед со Чешка, Андреј Шевченко со Украина, Лука Модриќ со Хрватска и Реал Мадрид, Карим Бензема со Реал Мадрид, Мајкл Овен со Англија, тие се како играчи, а како тренери тука биле Зинедин Зидан со Реал Мадрид, Христо Стоичков со Бугарија и Марко ван Бастен со Холандија.
  • Од Македонија само еден фудбалер конкурирал за „Златната топка“. Тоа е Дарко Панчев, кој во историската сезона со Црвена Звезда во 1991 година дојде до „Сребрената топка“, односно второто место.

  • Од останатите, Родри и Усман Дембеле имаат играно против Македонија, но во У21-тимовите, надвор од нашите граници.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Има ли вистина после УСАИД?

Медиуми
2

Двојазичност на албански начин

Македонштина
3

Жан-Лук Пикард стигна до својот „final frontier“

4

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
5

Микробиолошкиот „Џони Деп“ ја доби микробиолошката „Амбер Херд“

Работа
6

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Разно
7

Претреси во приватна болница и ФЗО, меѓу осомничените и Ден Дончев

8

Македонија повторно на ѕидот на срамот во ОН

1

Борец Жилче со честитки до Хари Кејн

Фудбал
2

Како Баерн го донел Компани: „Легнав кај него дома на кауч и му реков не си одам додека не потпишеш“

Фудбал
3

Упс, судија знаеш ли кој му е дедо?

Фудбал
4

Гризман убаво ја дувна на дуелот против Левандовски

Фудбал
5

Јак историски момент во НБА: Трипл дабл број 200 за Никола Јокиќ

Кошарка
6

Кинезите почнаа да палат дресови на Мбапе

Фудбал
7

Како реагираше Сон кога дозна за Кејн?

Фудбал
8

Полицијата во Барселона го нашла навивачот кој со знаме удри играч на Реал

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Норвешка, земјо моја

На Барила и загореа односите со јавноста

Да нишаниме кон ѕвездите!

Што значи тоа „по македонско време"?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy