Гого Јовчев до Мрме: Затвори ја муцката љонгар еден

Атмосферата во македонскиот фудбал е на „врвно“ ниво. Ќе процвета уште малце. Имаме нова отровна стрела, овој пат од Гого Јовчев, тазе член на стручниот штаб на новиот селектор Гоце Седлоски.

На денот на промоцијата на новиот селектор на Македонија, како и веста за губењето на Васил Рингов, трета фудбалска тема беше во фокусот.

Мрме ја нападна ФФМ за изборот на Седлоски, Пандев му врати со револт, Јаховиќ застана на негова страна, а на крај поентираше Гого Јовчев, кој инаку е назначен за тренер на голманите на македонската репрезентација.

Речникот на сите им е за критика, особено на Јовчев, кој жестоко, без да бира зборови, му се истури на Игор Ангеловски.

„Абе пекинезер, ти ли бе најде да коментираш за Масар Омерагиќ и Горан Пандев дека се во ФФМ за интерес. Абе лингур, господинот Масар Омерагиќ од свој џеб уложува во фудбалот… Не заборавај Горан Пандев ти ја спаси кариерата, те остави селектор клошариште едно клошарско… Затвори ја муцката љонгар еден“, напиша Јовчев на својот Фејсбук профил

Наместо да се билда атмосфера со нов селектор, пред бараж за Светско, обединувањето за доброто на македонскиот фудбал се претвори во улична војна, како од кафана водена.

Па барем грам почит кон Васе да покажеа.

Вака повеќе ве личеше:

Игор Ангеловски гневен и бесен на ФФМ: „Фудбалски стаорци“

Пандев жестоко му одговори на Ангеловски: „Мрме е шарлатан кој никаде не останал повеќе од 2 месеци“

И Омерагиќ удри по Игор Ангеловски: „Неговите ангажмани се со пократок рок од јогурт“

И Адис Јаховиќ со коментар за Мрме

24 декември 2025 - 13:47