- На денот кога Македонија во Гоце Седлоски доби нов селектор а воедно изгуби голема легенда во Васил Рингов кој почина на 70-годишна возраст, се разгореа фудбалски напади меѓу најголемиот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев и некогашниот селектор Игор Ангеловски.
- Ангеловски само неколку часа по промоцијата на Седлоски за нов селектор распали на Фејсбук по ФФМ кои ги нарече „фудбалски стаорци“ а на луѓето од комисијата им порача веќе да не му се јавуваат.
- Пандев му одговори експресно и многу жестоко:
„Се јави големиот селектор, големиот ‘патриот’. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниту еден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеци. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Пандев.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.