Од легендата на мак-фудбалот се простуваат голем број спортски работници, сегашни и поранешни фудбалери и тренери од земјава и странство.
„Тивко замина, ама засекогаш ќе бидеш во “играта”.
Почивај во мир. Трагата останува“, напиша првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија.
Васил Рингов беше една од најголемите легенди на ФК Вардар. Тој го носеше црвено-црниот дрес на преку 200 натпревари на кои постигна 93 гола. Во кариерата играше уште и за матичниот клуб Беласица, за белградски Партизан, Тетекс, Динамо Загреб и Ајнтрахт Браушвајг.
Во подготовка е монографија за Васил Рингов од колеги спортски новинари, а тој и самиот беше промотор на книгата која неодамна излезе за Дарко Панчев на чија промоција зборуваше и откри интересни детали и анегдоти од нивните играчки кариери.