Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пластичарска против струја (што се плаќа)

24 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Помала група жители на населбата Серава денеска ја блокираа улицата Никола Карев, позната и како Пластичарска улица, затоа што од неделата немаат струја. А немаат затоа што со години неконролирано крадат струја, па им се расипал преооптоварениот трансформатор.
  • „Дефектот во населбата Серава настана на 21.12.2025 (недела) како резултат на долготрајните неконтролирани кражби на електрична енергија од страна на жителите, а воедно и континуираните спречувања на екипите на Електродистрибуција во вршењето на работните активности за одржување на мрежата. Веќе подолг период, жителите на улиците Исмаил Кадаре и Кумбара го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето“, велат од Електродистрибуција за Плусинфо.
  • Во овој регион загубите на струја надминуваат 70%, а наплатата изнесува 60%.
извор

Форензичар тврди: Епстин бил убиен

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Џефри Епстин не се самоубил во затворската ќелија во Њујорк, туку веројатно бил убиен, тврди форензичкиот експерт Мајкл Фримен по едногодишна анализа на фотографии и документи од обдукцијата.
  • Фримен вели дека цела година темелно го проучувал досието од обдукцијата и се обидувал да ги објави своите наоди во научно списание, но сите го одбиле. Вчера ги претставил своите заклучоци пред правната организација Middle Temple во Лондон.
  • Трагата на вратот на Епстин не била мазна и рамномерна линија која се издига кон една точка, како во типичен случај на бесење. Била длабока, неправилна, и се разгранувала на едната страна, тврди форензичарот кој проучува пристрасност и грешки при истраги за смртни случаи. Укажува дека трагите на вратот, гребаници и крварење од мускулот на рамото на Епстин повеќе прилегаат на давење од зад грб.
  • Фриман изјави дека нема претстава кој би можел да го убие Епстин, ниту пак го интересира тоа. Се фокусирал исклучиво на пропустите во истрагата за смртта и во извештајот од обдукцијата. 
  • Канцеларијата на судскиот лекар во Њујорк, која ја изврши обдукцијата, оваа недела соопшти дека „останува при својот заклучок“ дека Епстин извршил самоубиство.
извор

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Мал контингент француски офицери со месеци е присутен во Украина за да обучува украински војници и да помага во одржување на опремата, објави Франс прес, повикувајќи се на анонимен извор.
  • „Ротацијата на француски инструктори кои ѝ даваат поддршка на Украина – било во Франција, Полска или повремено во самата Украина – е реалност. Но, ова апсолутно не е воена операција“, изјавил изворот.
  • Француските пратеници не биле информирани за тајната мисија „Волја“, со која командува генерал. Како параван за распоредување во Украина служи официјалната мисија „Жерфо“ во Полска, која е дел од иницијативата на ЕУ за воена поддршка. Офицери од „Жерфо“ досега обучиле околу 25.000 украински војници.
  • Претседателот Владимир Путин повеќе пати изјави дека Русија во Украина всушност војува против „колективниот Запад“. Се закани дека Москва ќе ги смета за легитимни воени цели сите трупи од членки на НАТО во Украина и се противи на какво било учество на војници од членки на Алијансата во идните мировни сили, кога војната ќе заврши.
  • Британија во март соопшти дека британски инженери се на терен во Украина, каде што работат заедно со Украинците на сервисирање и поправка на воени возила.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Заслужен одговор

Балканштина
3

Беља во најава

Македонштина
4

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
5

Цена на злото

Балканштина
6

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
7

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
8

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
3

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
4

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
5

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

6

Кривична пријава и мерки за претпазливост за охриѓанецот кој ја претепа девојката

7

Се предал битолскиот насилник кој избега од станица

8

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Демистифицирање на една опасност

Off.net.mk - внатрешни препукувања

Како наскоро ќе изгледа автобус на ЈСП?

Дрвјата, Античките Македонци и првата катастрофа на човековата околина

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy