Од една страна основата на сите закони, предлог закони, забрани и предлог забрани околу ГМО, е стравот дека ваквите производи може да бидат потенцијално штетни за здравјето на потрошувачите. Од друга страна СЗО, Американската медицинска асоцијација, Националната академија за науки и Американската асоцијација за унапредување на науките, објавија дека "не постојат доволни докази дека ГМО-то не е безбедно."
Неколку забелешки на Салетан:
- прво, вистина е дека прашањето е многу компликувано, и ако копаш подлабоко, ќе откриеш дека многу повеќе измами има во аргументите против ГМО.
- второ, главниот аргумент на анти-ГМО движењето - дека разумноста и внимателноста се причини за избегнување на генетски модификуваната храна - е измама.
- трето, има валидна загриженост за одредени аспекти на ГМО земјоделството, како што се хербицидите, монокултурите и правото на патентите. Ама ниту една од овие грижи не е исклучиво околу генетскиот инженеринг.
Остатокот од мега-статијата на Салетан на темава, во оригинална верзија го имате тука