Како технологијата ќе помогне, па ќе одмогне околу иранскиот договор

О.Н. мониторите на нуклеарната програма на Иран на располагање имаат одлични нови модели на сензори и останата. Иранците имаат договор и пропусти во него.

До сега инспекторите на ИАЕА контејнерите ги запечатуваа со хартиени печати, па потоа физички мораа да се вратат на локацијата за да проверат дали овој печат е скршен. Новите печати постојано испраќаат сигнал во реално време до седиштето на агенцијата во Виена.

Освен тоа, досегашните камери кои беа користени за надзор снимаа на дискови или на мемориски картички, за кои треба пак да се вратиш назад и да ги извадиш за прегледување. Сега камерите пренесуваат директна снимка од локацијата.

Тие веќе располагаат и со опрема за масспектрометрија (Гајгеров бројач на многу стероиди) која следи и открива најразлични честички и нивоа на радијација во воздухот и на површини (ѕид, патос...). Во опремата инспекторите располагаат и со мулти-канални анализатори кои можат да "откријат и лоцираат непознати извори на радијација, и изотопски да го идентификуваат изворот."

Наспроти нив, Иранците имаат една "дупка" во договорот која им дозволува и понатаму да спроведуваат нуклеарни истражувања, само не смеат да прават бомби. Тие ќе може да задржат неколку центрифуги и ураниум хексафлуорид. Реакторот за тешка вода во Арак ќе биде модификуван да го намали збогатувањето на плутониум, ама и понатаму ќе ги има јадрата за гориво.

Проблемот во оваа комбинација е што и инспекторите и да откријат спорни честички, тие нема да знаат дали тоа се нови честички или останале од старата програма.

Маната на опремата за надзор потекнува од главниот проблем со интернетот, може да снема во секое време, па ќе треба дополнителна инспекција за да утврди дали стварно е аномалија или пак е намерно сторено.

16 јули 2015 - 09:51