Од една страна, Мејведер е машко и е потежок и повисок од Роузи (173 см. 68 кг. наспроти 170 см. и 61 кг.), од друга страна Роузи има златен медал во џудо и е непоразена во ММА борбите. Ако таа успее да го легне Мејведер на патос, каде што овој нема никакво искуство, може да стане интересно.
Дел од експертите, посебно оние што се ММА тренери, предвидуваат дека Роузи благодарејќи на владеењето на разнолики вештини ќе може да го совлада Мејведер доколку се пробаат во ММА борба.
По искуството на Брајан Мичелино, во чија вежбална во Њујорк тренираат неколку УФЦ борци, Роузи е прилично вешта во бокс, ама владее и други техники и е физички добро подготвена, а борбата ќе биде решена кога таа ќе го зграпчи Мејведер и ќе го собори, "што ќе се случи многу брзо."
Слично мислење има и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.
Наспроти нив, Соња Ламонакис една од најдобрите женски боксери во светот, смета дека "Мејведер ќе ја нокаутира за 3 секунди. Тоа е смешка."
Сопственикот на една од првите вежбални за женски боксери, Брус Силвердејл, објаснува дека "жените се одлични спортистки и најчесто се и подобри техничари, ама има голема физичка разлика. Мажите се премногу силни за жените"
Пресметката на друг сопственик на вежбална, е дека иако разликата во тежина меѓу двајцата е само 5 килограми, заради разликата во градбата меѓу мажите и жените, Мејведер има речиси 15 килограми повеќе мускулна маса од Роузи.
За разлика од останатите експерти со боксерско портфолио, Мани Пакјао смета дека Роузи би ја добила борбата, доколку се судрат во ММА ринг, а не во бокс.
"Таа е силна, и е доволно силна за да го победи Флојд Мејведер во ММА," изјавил Пакјао.