11. Омфори
- Јонско море
- Делумно развиен
- 4.500.000 метри квадратни
Од објекти го има само oвој на сликата, ама затоа има дозвола за урбанизирање на 20% од површината. Ако инвеститорот докаже дека поинтензивното градење е добра инвестиција, грчката влада најверојатно ќе даде дозвола и за повеќе.
- 50 милиони евра
10. Дуличиум
- Јонско море
- Неразвиен
- 5.400.000 метри квадратни
Ова е најголемиот приватен остров кој се продава во моментов во Грција. Највисоката точка му е 250 метри надморска висина. Има околу 4,000 маслинови дрвја, честаци и џуџести грмушки. Не е развиен, но нуди одлична можност за некој да го претвори во луксузен хотелски комплекс.
- 40 милиони евра
9. Северно егејско острово
- Хора
- Неразвиен
- 348.029 метри квадратни
Островот е само половина час оддалечен со глисер од Атина. Бројни меѓународни инвеститори веќе покажуваат интерес, токму заради близината до грчкиот главен град.
- 35 милиони евра
8. Св. Тома
- Залив Сароникос близу Коринт
- Неразвиен
- 1,21 милиони метри квадратни
Островот е само 20 минути оддалечен од Коринт и само 45 минути од Атина. Исто така е дел од синџирот Дијапори во Сароничкиот залив, „област митологизирана заради прекрасната смарагдна убавина на неговите живописни острови".
- 15 милиони евра
7. Навсика
- Јонско море
- Неразвиен
- 5 милиони метри квадратни
Неодамна е продаден, но се уште се појавува на сајтот Private Islands Onilne. Овој планински остров е последната неразвиена точка во Јонското море и има заштитени заливи, две големи природни пристаништа и високи точки од кои се покрива поглед од 360 степени.
- 6,9 милиони евра
6. Кардиотиса
- Егејско море
- Неразвиен
- 1,13 милиони метри квадратни
Овој голем имот во срцето на Егејот има одлични транспортни врски, а е на совршено место за гњурење и други водни спортови. Островот е помеѓу Фолегандрос и Сикинос, кои се на 10 минути со глисер. Исто така има и целогодишна врска со ферибот до пристаништето Пиреа од обата острова.
- 6,5 милиони евра
5. Остров Софија
- Јонско море
- Неразвиен
- 176.000 метри квадратни
Островот е во сопственост на приватно лице и е класифициран како остров од меѓународно значење. Тоа значи дека областа има високо ниво на приватност, затоа што комерцијалните бродови не смеат да пловат во блиските води.
- 5,5 милиони евра
4. Китнос островска парцела
- Западни Киклади, опкружено со Егејско море
- Развиен
- 191.182 метри квадратни
Островот е на само еден час од Атина со брод и веќе е населен со 20-25 живописни куќи. Земјата може само да се изнајми, со плаќање рента на сопственикот. Но со оглед на тоа што постојат патишта и градби дава голема можност за понатамошен развој.
- 5 милиони евра
3. Строгило
- Додеканиса
- Неразвиен
- 218.530 метри квадратни
Се наоѓа блиску популарниот остров Маратос, во Егејот. Иако не е развиен, водата може да се пие доколку се филтрира, и може да добие струја од Маратос, кадешто веќе постои мрежа.
- 4,5 милиони евра
2. Гаја
- Ехинади, Јонско море
- Делумно развиен
- 174.014 квадратни метри
Наречен е „игралиште за милионери" бидејќи е во сопственост на приватна компанија која има одобрение да изгради шест вили и да го подели островот на шест парцели. Регионот има идилични услови за водени спортови, едрилици и рибарење.
- 3 милиони евра
1. Лихнари
- 10 минути западно од Коринт
- Неразвиен
- 384.451 метри квадратни
Сопствениците изгледа брзаат со продажбата бидејќи цената неодамна е преполовена. На островот има неколку луксузни имоти, како и свежа вода, патишта и многу маслинови дрвја.
- 3 милиони евра