1. Градот буквално те излудува
По основа на пребројување, во градовите има неспоредливо поголема стапка на ментални болести отколку меѓу руралната популација. "Урбаните" имаат 21% поголем ризик да имаат некое пореметување на анксиозност, 39% поголем ризик од афективни пореметувања отколку жителите на руралните средини.
Едно од објаснувањата за ова е заради разликите во начинот на кој двете групи се справуваат со стресот.
2. Градот те тера цело време да брзаш некаде
Во студија од 1999-та, истражувачи следат 3 работи во 31 држава за да добијат претстава за она што тие го нарекуваат "темпо на животот" во овие места:
1. Колку брзо луѓето пешачеле во центарот на градот
2. Колку долго им требало на поштарите да завршат едноставна задача
3. Точноста на јавните часовници.
Животот бил најбрз во Јапонија и Западна Европа, додека најбавен во неразвиените држави. Темпото исто така било најбрзо на постудена клима, во економски продуктивните држави, и "индивидуалистичките култури".
3. Воздухот во градовите ви го загадува телото
2013-та истражувачи го следат влијанието на ПМ честички и азот диоксид врз група од над 1 милион лица кои повеќе од 9 години живеат во Рим. Истражувачите наоѓаат врска меѓу овие два елементи и зголемените шанси за смрт, посебно од коронарни болест. По ова следуваат срцеви заболувања и рак на бели дробови. Истата година е спроведена слична студија во Амстердам на 7 милиони луѓе. Резултатите биле речиси идентични.
4. Градот го вознемирува вашиот имунитетен систем
Во експеримент во кој докторите свесно се обидуваат да предизвикаат алергија кај над илјада луѓе, групата испитаници од урбаните средини имале далеку посилна алергиска реакција отколку оние од руралните средини.
5. Воздухот во градовите ги зголемува вашите шанси да заболете од асма
Тврдењето се базира на испитување на деца, а објаснувањето за ваквата појава е дека градските деца е поверојатно да бидат изложени на стрес, внатрешни загадувачи, микроби и алергени, од кои сите влијаат на начинот на кој се развива вашиот имунитетен систем.