Вести

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Речник

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Јадеме еден те ист зеленчук

Тоа не само што не досадно туку и е проблем, како за луѓето и нивната исхрана, така и за шареноликоста односно биодиверзитетот на растенијата што се јадат. Масовното земјоделско производство форсира многу мал број култури додека други се соочуваат со исчезнување. Јадеме пет, шест, седум зеленчуци, додека во светот постојат речиси 1.500. 

Зошто луѓето што ѝ позајмија пари на Грција треба да страдаат

Постои непобитен доказ, за секој што е подготвен да побара, дека Грција не е единствен ниту главен виновник за сопствената финансиска криза. Доказот не е нешто посебно возбудлив: тој е една обврзница со идентификациски број GR0133004177. Меѓутоа разгледувањето на оваа обврзница треба да стави крај, перманентен, на секоја дискусија околу грчката криза како морален неуспех на Грција.

Аеродром се од корен корнеше

Откако лани американскиот потпретседател го опиша летањето од ЛаГвардија аеродромот како "искуство од земја од третиот свет," истиот тој денес застана рамо до рамо со градоначалникот на Њујорк да ја најави дека на негово место ќе биде изграден сосема нов аеродром вреден - 4 милијарди долари.

Терористички напад со авторски права?

Карл Маламуд е американски писател и технолог, познат по неговите залагања за објавување на информации од јавен домен. Во моментов има проблем со една сојузна држава - Џорџија, го тужи заради прекршување на авторските права на нејзините закони, со тоа што ги објавил онлајн.

Биди корисен, удри на сарказам

Генерално перципиран како не баш софистицирана форма на духовитост, и една од причините зошто блиските не ти се јавуваат за на пијачка, излезе дека ти и твоите блиски, имате корист од твојот сарказам.

Од профилот на Њујоркер за Варуфакис

Текстот кој треба да се појави во печатеното издание на магазинот од 3-ти август, почнува со: Како еден радикален министер за финансии тргна во битка со Европа - и ја загуби.

Омилената порно ѕвезда на жените не е порно ѕвезда

Порнхаб и РедТјуб ги здружија силите за да откријат што сакаат жените од порното. Анализираа 40 милиони посетители и дојдоа до конечниот одговор - Ким Кардашијан.

Колонизирање на Месечината по багателна цена

Поставувањето на перманентна база на Месечината ќе чини 90% поевтино отколку што се очекуваше, покажува студија нарачана од НАСА, спроведена од две непрофитни организации и потоа рецензирана од независен тим составен од поранешни НАСА директори, астронаути и експерти.

Не мора да ви се допаѓаат вестите за да ги почитувате

Во сè поголемата какофонија на гласови, се зголемува и желбата да ги чуеме само оние кои се согласуваат со нас, пишува професорот на Јејл, Стивен Картер.

Враќањето на грдиот Германец

За време на целовечерните преговори околу Грција на 12-ти и 13-ти јули, пукна нешто суштинско околу Европската Унија. Од тогаш, Европејците живеат во поинаков вид на ЕУ, пишува Јошка Фишер.

Сите грешите со стикот за под мишка

Предупредување: насловот никако не треба да се сфати како повик за не користење на антиперспирант, истиот и понатаму беспоштедно треба да го користите, само поинаку.

Игра на Грците

Подемот и падот на Грција објаснува многу работи за Европа, политиката и моќта - на начин не поразличен од Игра на тронови.

Митот (и реалноста) на „летните петоци"

САД има една одлична традиција, чие потекло и реално почитување не се баш јасни, но која треба час поскоро да ја усвоиме, како уште еден знак за нашите стремежи за фаќање приклучок кон развиениот свет, влез во НАТО, ЕУ и АУ. Се вика „летен петок", кога канцелариите на почетокот од викендот затвораат порано од вообичаено. Но како што стојат работите во САД денес, изгледа дека ова е повеќе урбана легенда отколку реалност. Барем така вели колумнистка на Њујорк Тајмс.

Во загадувањето е иднината?

Компанија од Британска Колумбија работи на технологија која го собира јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во гориво. За сега работат на првиот дел од проектот.

Како се станува бестселер на Њујорк Тајмс?

Статусниот симбол кон кој се стреми секој што некогаш напишал книга, прв пат се појавува во 1931-ва година и се однесува на најдобро продаваните топ 9 книги (5 белетристика, 4 останато) во Њујорк. Денес е хаос.

Пешачи во име на мирот во глава

Ако може да им се верува на луѓе кои цел живот учат и работат на темава, прошетка во парк или во природа го смирува мозокот и притоа го менува и неговото функционирањето на начин кој е добар за нашето ментално здравје.

Цехот за мигрантите

Компанијата што управува со тунелот под Ла Манш побара некој да и ја покрие сметката од 9,7 милиони евра што ги потрошила за спречување на мигрантите.

Дубаи почна да гради палми

Компанијата Смарт Палм ги постави своите први "паметни палми" во Дубаи. Планот е да бидат инсталирани исти вакви палми на 103 локации низ градот.

Фифти сентс, завршна сметка

По објавувањето банкрот (ама не од тој најлошиот, уште има пари човекот), Куртис Џексон мораше да се појави во суд, каде неверувањето околу неговиот банкрот го бранеше објаснувајќи "накитот и автомобилите ги враќам во продавница."

Водич за Блискиот Исток за збунети

Не ви е баш јасно што се случува на Блискиот Исток? Не се секирајте, истражувачки тим на тн. „Институт за интернет дијаграми" создаде интерактивна слика која ги сумира геополитичките сојузништва во древниот регион од мезозоик до денес.

Зошто нема женски мињони?

Тоа што сите жолти створови во цртаниот филм се машки се должи на две нивни карактерни особини - мутави се и глупи, што само по себе значи дека не можат да бидат женски.

Човекот кој бесплатно лета низ цел свет

Бен Шлапинг (25) е една од најголемите ѕвезди помеѓу елитна група опсесивни авио-патници со бизарна мисија - да се надмудрат авионските компании. Тие имаат само една цел: да летаат бесплатно, колку што е можно полуксузно, колку што можат повеќе, без да бидат фатени. 

Зошто ајкулата не го гризна сурферот?

Во најкраткото и ужасувачко продолжение од Ајкула, во неделата со запрепастување гледавме како еден сурфер наспроти целата веројатност успеа сред океан да се спаси од напад на ајкула.

Шарли Ебдо: Мухамед веќе не нè интересира

Главниот уредник на францускиот сатиричен весник, Лорен Сурисо, за германскиот Штерн изјави дека неговот списание веќе нема да црта и објавува карикатури од муслиманскиот пророк.

Како да ја преценив грчката влада

Во разговор со Фарид Закариа од СиЕнЕн, Кругман на грб на Грција ретерираше околу најголемиот дел од работите што ги пиша во Њујорк Тајмс: "не ни помислив дека тие се подготвени да се спротивстават без да имаат каков било бекап план... неверојатно - они мислеа дека едноставно само ќе бараат подобри услови без никаков бекап план... Па јас, како што гледате, веројатно ја преценив компетентноста на грчката влада."