До сега во повеќе студии е најдена врска меѓу зголемениот број на случаи на анксиозност, депресија и останати ментални болести, и се поголемиот број на луѓе кои живеат во урбани центри. Дополнителни истражувања исто така заклучија дека урбаните луѓе кои помалку имаат пристап до паркови и зелени површини имаат поголема склоност кон психолошки проблеми. Исто така веќе е откриена и поврзаноста меѓу намалените нивоа на хормоните на стрес и градската популација што практикува прошетки во природа.
Истражувачи од Станфорд откако потврдуваат се' што до сега е утврдено околу природата и нејзиното влијание на вашето ментално здравје, се симнуваат на подетално ниво и анализираат на какво влијание имаат прошетките во природа врз тенденцијата на луѓето како расипана плоча постојано да бидат замислени околу сопствените пропусти во животот. Состојба која сама по себе би била само глупа и непродуктивна, кога не би била претходник на депресија.
Во експериментот пола од луѓето пешачеле во тивкиот дел од паркот во кампусот на Станфорд, а другата половина во близина на автопатот до Пало Алто. Сите биле здрави, пешачеле сами, без друштво и не им било дозволено да слушаат музика. Смееле да се движат по сопствено темпо.
Овие вторите минале, како што може да мине човек што пешачи покрај автопат, додека првите имале "мали, но значителни подобрувања во менталното здравје... тие далеку помалку се навраќале на негативните аспекти од нивниот живот отколку пред прошетката."
"Овие резултати покажуваат дека излегување и прошетка во природа може да биде лесен и речиси инстантен начин за подобрување на расположението на жителите на градовите," објаснува Грегори Братман од Универзитетот Станфорд.