
Ова е логиката по која се водел Пиер Кофин додека ги создавал мињоните.
"Гледајќи колку често знаат да бидат глупави и мутави, едноставно не можев да замислам мињоните да се женски" објаснува Кофин во интервју за Врап.
Тој не го објаснил следното логично прашање - како тогаш се размножуваат, ама зборувал за нивниот јазик.
"Тоа е брборење. Мешавина на сите јазици во светот и клучно е да се најде некој конкретен ритам и мелодија која на оваа бесмисленост и дава одредена смисла," појаснува креаторот.
Што се однесува до цртаниот, тој до сега собра 620 милион долари и е четврти филм по заработувачка за годинава.