Тврдењето е дека сарказмот ја поттикнува креативноста и кај тој што е саркастичен и кај тој што слуша, и дека тој нуди "некои важни, превидени психолошки и организациски бенефити." Резултатите се од заедничка студија на универзитетите Харвард, Колумбија и ИНСЕАД.
"За да се создаде и декодира сарказмот, и изразувачот и реципиентот на сарказмот мора да ги надминат спротивностите (пример. психолошката дистанца) меѓу буквалното и реалното значење на саркастичниот израз. Ова е процес кој се активира и се олеснува преку апстракција, што за возврат промовира креативно размислување," објаснува Франческа Гино од Бизнис Школата на Харвард.
Студијата исто така го потврдува она што до сега го имате сфатено околу сарказмот, дека најдобро е тој да се користи меѓу луѓе кои веќе имаат некакво подлабоко меѓусебно познавање и стаж.
"Секако користењето сарказам на работа или при социјализирање не е без ризици. Ова е стил на комуникација кој лесно може да доведе до недоразбирање и забуна, или, ако е посебно суров, до повредено его. Меѓутоа ако тие што се вклучени во сарказам развиле меѓусебна доверба, постојат помалку шанси за повредени чувства, па дури и да избие конфликт меѓу нив, тој нема да ја намали креативната добивка за секоја од страните," пишува Кристина Пазанес за Харвард Газета.