Аеродром се од корен корнеше

Откако лани американскиот потпретседател го опиша летањето од ЛаГвардија аеродромот како "искуство од земја од третиот свет," истиот тој денес застана рамо до рамо со градоначалникот на Њујорк да ја најави дека на негово место ќе биде изграден сосема нов аеродром вреден - 4 милијарди долари.

Планот е ЛаГвардија да се срамни со земја и да биде заменет со еден џиновски терминал (наместо денешната збирка на повеќе мали терминали), по што тој би станал најголемиот аеродром во Њујорк. Моментално е на трето место.

Последнава објава вклучува и надградба на цената од околу 400 милиони долари, во споредба со објавата од минатата година кога планот вредеше 3,6 милијарди долари. Претходниот план беше помалку радикален во однос на постојната структура и предвидуваше надградба, а не комплетот рушење на терминалите.

Изградбата почнува следната година, а првата половина од проектот ќе биде готова и достапна за патниците во 2019-та, комплетирањето е закажано за 2021-ва.
  

 

28 јули 2015 - 14:18