До 1942-ра, списокот е составен според најпродаваните книги во 22 најголеми градови во САД, собирајќи бројки од книжари, стоковни куќи и издавачи. Само не е познато кои точно компании се контактирани за да се спречи дување на бројките. Еден од пропустите е што ако еден купувач купел повеќе од еден примерок, тоа пак се смета за еден примерок. Денешниот систем за рангирање на книгите, во најголем дел се комплетира некаде во 1950-те, па се дополнува со појавувањето на интернет трговијата и е-книгите.
Според Њујорк тајмс: "Рангирањето ја отсликува продажбата пријавена од продавачите кои имаат широка лепеза на наслови од општ интерес. Продажните точки за печатените книги вклучуваат независни препродавачи на книги; синџир продавници на национално, регионално и локално ниво; онлајн и мултимедијални препродавачи; супермаркети, универзитети, продавници за подароци и стоковни куќи и трафики. Рангирањето на е-книгите ја рефлектира продажбата од водечките онлајн продавачи на е-книги за најразлични формати за е-читачи." Овие податоци Тајмс потоа ги преработува по сопствени алгоритами и формули, кои остануваат тајна и ја вади листата.
Меѓу обидите да се намести листата, има: темпирање на купувањето и организирање акција книгата да се купи во одреден пресметковен период, за да има поголемо влијание на листата или купување на книгата на големо од страна на издавачот за да се крене нејзината позиција.