По новата пресметка, трошокот се намалува од 100 на 10 милијарди долари, ама за ова да се постигне НАСА ќе треба да ја искористи предноста од приватни и меѓународни партнерства (на пример со Европската вселенска агенција). Во математиката е влезена и соработка со Боинг и СпејсИкс.
Освен делењето на трошоците, има два други клучни предуслови:
- Развој на вселенски летала и лендери за повеќекратна употреба.
- Копање гориво од површината на Месечината, со што дополнително би се зголемила економската исплатливост на патувањето.
"Извештајот вклучува и поставување на индустриска база која ќе ископува вода од Месечината, ќе ја преработува во водород, и потоа водородот ќе го испраќа во орбитата на Месечината, каде ќе може да биде искористен од вселенските летала кои се на пат за Марс. Ова би ги намалило и трошоците за стигање до Црвената планета за околу 10 милијарди долари годишно. Извештајот проценува дека базата ќе вдомува 4 астронаути, и во рок од 12 години од поставувањето ќе обезбеди 200 мегатони гориво, со вкупна вредност од 40 милијарди долари," пренесува Сара Фехт за Популар Сајанс.
Според планот поставувањето на база на Месечината ќе оди во 3 фази:
Фаза 1
- Роботи мора да утврдат колку водород има во месечевата кора и каде се наоѓа. (Ова е клучен чекор. Бидејќи ако нема доволно водород и ако тој не е лесен за вадење, тогаш не се исплати).
- Да се развие вселенско летало за повеќекратна употреба, кое ќе ги носи и враќа луѓето од Месечината.
- Пренесување на луѓе на екваторот на Месечината.
Фаза 2
- Развивање на технологии за ископување на месечевиот мраз.
- Развивање на лендер за повеќекратна употреба, за носење опрема до и од месечевата орбита на месечевата површина.
- Испраќање луѓе на половите на Месечината.
- Избирање на место за копање.
Фаза 3
- Користење лендер за испорачување на живеалишта за луѓето на Месечината.
- Испорачување на екипаж од 4 астронаути кои треба да живеат на месечината и да помагаат во поправките на генерално самостојната опрема за копање.
- Почеток на ископувањето
- Лендерот испорачува 200 тони гориво годишно во орбитата на Месечината.