Околу две-третини од 9,7 милиони долари се потрошени на поставување дополнителна ограда и останати безбедносни мерки, а останатите пари се од изгубен приход заради затворање на лентите. Фирмата парите ги очекува од владите на Британија и Франција.
По пристигнувањето во Кале, мигрантите кампираат околу влезовите на тунелот најчесто во обид да се качат на камион со кој ќе се превезат до Англија. Само во изминативе неколку недели најмалку 4 мигранти загинаа обидувајќи се да го преминат каналот.
Минатиот септември Франција и Британија потпишаа договор за одделување 5 милиони евра за помош за Кале во справувањето со напливот на мигранти. Парите во најголем дел се потрошени за обезбедување на тунелот.
Вака изгледа на македонската граница, кај Гевгелија.
Видео на Гардијан од Кале од крајот на 2014-та: